ХЕЗБОЛАХ КАЖА ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ ВОЈНАТА ПРОТИВ ИЗРАЕЛ ПО УБИСТВОТО НА ШЕФОТ НА ХАМАС

    ХЕЗБОЛАХ КАЖА ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ ВОЈНАТА ПРОТИВ ИЗРАЕЛ ПО УБИСТВОТО НА ШЕФОТ НА ХАМАСЈахја Синвар бил убиен во средата во копнена акција во Рафа во јужна Газа (Фото: АП)

    Хезболах објави дека преминува на нова, засилена фаза од војната со Израел по убиството на шефот на Хамас, Јахја Синвар.

    Израелската војска кажа дека најбараниот човек во Израел бил убиен во средата во копнена акција во Рафа во јужна Газа и неговото тело вчера и официјално беше идентификувано со ДНК анализа. Синвар важеше за главен архитект на упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023, што ја покрена војната во Газа, која потоа се прошиири и во Либан.

    Западните лидери сметаат дека смртта на Синвар нуди можност да се стави крај на војната, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека таа ќе продолжи сѐ до ослободувањето на сите заложници кои ги држи Хамас.

    Денеска го израмнивме резултатот. Денеска му нанесовме голем удар на злото, но нашата задача и натаму не е довршена. Ова е важен момент во војната и продолжуваме со сета сила сѐ додека не ги вратиме сите заложници дома“, кажа Нетанјаху во синоќешното видеообраќање.

    Синвар (62) беше назначен за севкупен шеф на Хамас по убиството на Исмаил Хание во Техеран во јули, откако претходно беше лидер на групата во рамките на Појасот Газа.

    Иран кажа дека смртта на Синвар нема да го ослабне духот на отпорот, додека Хезболах најави засилување на борбата против Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира