ХЕЗБОЛАХ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА СЕ РАЗОРУЖА ДОДЕКА ИЗРАЕЛ НЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ЦЕЛОСНО ОД ЛИБАН

    ХЕЗБОЛАХ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА СЕ РАЗОРУЖА ДОДЕКА ИЗРАЕЛ НЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ЦЕЛОСНО ОД ЛИБАНХезболах се наоѓа под силен меѓународен и домашен притисок да го предаде своето преостанато оружје (Фото: АП)

    Лидерот на Хезболах Наим Касем порача дека групата нема да го предаде оружјето додека Израел не се повлече од јужен Либан и не престане со воздушните напади. Тој се обрати преку видеопорака откако илјадници луѓе се собраа во јужните предградија на Бејрут за да го одбележат светиот шиитски ден Ашура. За шиитите, овој ден го симболизира отпорот против тиранија и неправда.

    Израел и Хезболах формално ја завршија војната во ноември, откако беа убиени бројни високи функционери на групата и беше уништен најголемиот дел од нејзиниот воен арсенал.

    По примирјето, Израел продолжи да окупира пет стратешки погранични точки во јужен Либан и повремено да изведува воздушни напади за да го спречи Хезболах да ги обнови своите капацитети. Од ноември, во тие напади загинале околу 250 луѓе.

    Во исто време, се засилува меѓународниот и домашниот притисок врз Хезболах да го предаде своето преостанато оружје.

    Како можете да очекувате да седиме мирни додека Израел продолжува со агресијата и окупацијата и продолжува да влегува на нашите територии и да убива? Нема да учествуваме во легитимирањето на окупацијата во Либан и регионот и нема да прифатиме нормализација со Израел“, кажа Касем.

    Тој се огласи пред очекуваната посета на американскиот пратеник Том Барак на Бејрут, при што ќе се разговара за предложениот план за разоружување на Хезболах и повлекување на израелските сили од јужен Либан.

    Либан се соочува со историски момент да го исполни своето ветување за ‘една земја, еден народ, една армија‘. Да го направиме Либан повторно голем“, кажа Барак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира