ХИЛБЕРТО ОРЕХУЕЛА, СВОЕВРЕМЕНО НАЈМОЌНИОТ НАРКОБОС НА СВЕТОТ, ПОЧИНА ВО ЗАТВОР ВО САД

    ХИЛБЕРТО ОРЕХУЕЛА, СВОЕВРЕМЕНО НАЈМОЌНИОТ НАРКОБОС НА СВЕТОТ, ПОЧИНА ВО ЗАТВОР ВО САДОрехуела беше уапсен во 1995 и екстрадиран во САД во 2004 (Фото: ЕПА)

    Бившиот шеф на некогаш моќниот наркокартел Кали, Хилберто Родригес Орехуела, почина во затвор во САД на 83 години. Орехуела своевремено го контролираше најголемиот дел од светската трговија со кокаин и беше непријател со Пабло Ескобар.

    Беше познат по прекарот Шахист поради својата вештина постојано да биде чекор напред во однос на ривалите и законот. Тој беше уапсен во Колумбија во 1995 и девет години подоцна екстрадиран во САД. Орехуела почина во затворот во Северна Каролина, каде што служеше казна од 30 години.

    На врвот на својата моќ, Орехуела го водеше наркокартелот Кали заедно со брат му Мигел, кој исто така е во затвор. Според американските власти, тие контролираа 80% од светската трговија со кокаин до средина на 1990-ите, постигнувајќи монопол по убиството на Ескобар во 1993.

    За разлика од картелот на Ескобар, кој беше исклучително насилен, браќата Орехуела се обидуваа да се претстават како респектирани бизнисмени, при што Хилберто се опишуваше себеси како „чесен аптекарски магнат“. Сепак, и тие се служеа со насилство и се верува дека стоеја зад групата Пепес, одговорна за убиството на повеќе од 60 роднини и соработници на Ескобар.

    Картелот Кали почна да се растура во 1995 по апсењето Хилберто Орехуела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира