ХИП-ХОП МОГУЛОТ ШОН ДИДИ КОМБС ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН САМО ЗА ПРОСТИТУЦИЈА, МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДО 20 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ХИП-ХОП МОГУЛОТ ШОН ДИДИ КОМБС ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН САМО ЗА ПРОСТИТУЦИЈА, МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДО 20 ГОДИНИ ЗАТВОРОд петте обвиненија, Комбс е прогласен за виновен само за две (Фото: АП)

    Еден од најмоќните луѓе во хип-хоп музиката Шон Диди Комбс е прогласен за виновен за двете обвиненија поврзани со проституција, но беше ослободен од обвиненијата за сексуална трговија и рекетирање, поради кои можеше да остане во затвор до крајот на животот. Поротата ја донесе едногласната одлука по 13 часа заседавање за период од три дена. Судењето во Њујорк траеше од мај.

    Од петте обвиненија, Комбс е прогласен за виновен само за две: транспорт заради вршење проституција, поврзано со Касандра Вентура и уште една анонимна жртва позната само како Џејн. Двете жени, кои биле во врска со Комбс, одделно сведочеа за сексуални средби, за кои биле ангажирани машки придружници за да имаат секс со партнерката, додека Комбс ги гледал, а понекогаш и снимал.

    Засега не е позната казната за Комбс, а максимално би можел да добие 20 години затвор за двете обвиненија. Тоа ќе биде одредено подоцна, на дополнително сослушување. Обвинителството побара Комбс да остане во затвор, додека одбраната побара негово ослободување со кауција од еден милион долари, за што судијата кажа дека подоцна ќе реши.

    Комбс беше уапсен во септември минатата година, шест месеци откако федералните власти извршија претрес на неговите имоти во Лос Анџелес и Мајами во рамките на истрагата за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација. Правните проблеми за Комбс почнаа во ноември 2023, кога неговата бивша партнерка Касандра Вентура поднесе тужба против него за сексуален напад и злоставување, што потоа го направија уште неколку жени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира