ХОЛАНДСКИТЕ ВЛАСТИ ПРЕПОРАЧУВААТ ДА СЕ ЈАДАТ САМО ЈАЈЦА ОД ПРОДАВНИЦА, ДРУГИТЕ ИМАЛЕ МНОГУ ХЕМИКАЛИИ

    ХОЛАНДСКИТЕ ВЛАСТИ ПРЕПОРАЧУВААТ ДА СЕ ЈАДАТ САМО ЈАЈЦА ОД ПРОДАВНИЦА, ДРУГИТЕ ИМАЛЕ МНОГУ ХЕМИКАЛИИЈајца од кокошки во приватна сопственост можат да содржат високи нивоа на „вечни“ хемикалии, покажа ново истражување (Фото: Пекселс)

    Луѓето во Холандија треба да престанат да јадат домашно произведени јајца поради контаминација со „вечни“ хемикалии, објави холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ). Јајца добиени од кокошки во приватна сопственост можат да содржат високи нивоа на „вечни“ хемикалии, покажа ново истражување спроведено на 60 локации.

    Овие хемикалии се поврзуваат со низа здравствени проблеми, вклучително и рак. Тие се познати како вечни бидејќи не се разградуваат природно.

    Луѓето во Холандија веќе внесуваат многу вечни хемикалии преку друга храна и делумно преку вода за пиење. Ако не јадете домашни јајца, може да се избегне уште поголемо внесување на хемикалии“, се вели во соопштението на РИВМ, додавајќи дека можат да се јадат комерцијални јајца од продавница или од пазар.

    РИВМ спроведува дополнително истражување за тоа како овие хемикалии влегуваат во јајцата и сугерираше дека причината можат да бидат дождовните црви, кои кокошките ги јадат.

    Европската агенција за хемикалии моментално работи на предлог за постепено укинување на илјадници вечни хемикалии, кои се користат во сè, од материјали и текстил до електроника и градежни производи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира