ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ГРЛИЌ РАДМАН ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ПО ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈА

    ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ГРЛИЌ РАДМАН ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ПО ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНИЈАГрлиќ Радман учествуваше и на Преспанскиот форум во Охрид (Фото: Ѓ. Личовски)

    Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман имал позитивен тест за коронавирус, што следува неколку дена по неговата посета на Македонија и учеството на Преспа форумот во Охрид. Од министерството потврдија дека Грлиќ Радман вчера се тестирал откако му се појавиле благи симптоми, додавајќи дека се чувствува добро.

    Грлиќ Радман во петокот се вратил од Охрид во Загреб, при што патувал со авионот на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

    На форумот учествуваа претседателите на Македонија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Косово, додека Грлиќ Радман претходно во Скопје со сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а учествуваше на панел за заедно со првиот вицепремиер Артан Груби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира