И БРИТАНСКАТА ВЛАДА ГО НАПАДНА ТВРДЕЊЕТО НА ПЕЈАЧКАТА НИКИ МИНАЖ ДЕКА ПОДУЕНИ ТЕСТИСИ СЕ НЕСАКАН ЕФЕКТ НА КОВИД ВАКЦИНИТЕ

    И БРИТАНСКАТА ВЛАДА ГО НАПАДНА ТВРДЕЊЕТО НА ПЕЈАЧКАТА НИКИ МИНАЖ ДЕКА ПОДУЕНИ ТЕСТИСИ СЕ НЕСАКАН ЕФЕКТ НА КОВИД ВАКЦИНИТЕОбјавата на Минаж беше споделена речиси 90.000 пати на Твитер (Фото: Гети)

    Властите на Тринидад и Тобаго потрошија премногу време обидувајќи се да ги потврдат коментарите на Ники Минаж за несаканите ефекти на ковид вакцините, кажаа од тамошната влада.

    Раперката, која потекнува од оваа островска држава, на Твитер напиша дека на пријател на нејзин роднина му се подуле тестиси и останал импотентен откако се вакцинирал. Таа тврди дека тоа се случило на Тринидад и Тобаго и оваа нејзина објава беше споделена речиси 90.000 пати.

    „Сите тврдења ги земаме сериозно. Сепак, на Тринидад досега не е пронајден случај на подуеност на тестиси како несакан ефект на вакцините, а колку што знаеме, и никаде на светот“, изјави тамошниот министер за здравство Теренс Дејалсинг.

    Ники Минаж беше спомната и на прес-конференција на британскиот премиер Борис Џонсон.

    „Попрвин ќе ја слушам Ники Канани отколку Ники Минаж“, изјави Џонсон, алудирајќи на медицинската директорка за примарна грижа во Националната здравствена служба.

    Шефот на англиските медицински служби Крис Вити вели дека нема никаква вистина во тврдењата на Минаж.

    „Нека се засрами што шири дезинформации преку интернет. Многу митови кружат наоколу. Некои се смешни, а некои имаат јасна цел да сеат страв. Ова е еден таков“, изјави Вити.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира