И БУГАРИЈА ДОБИ ИЗЗЕМАЊЕ ОД ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТА

    И БУГАРИЈА ДОБИ ИЗЗЕМАЊЕ ОД ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТАПремиерот Петков кажа дека изземањето ќе важи до крајот на 2024 (Фото: СДК.МК)

    Бугарија е четвртата членка на Европската Унија на која ѝ е одобрено изземање од ембаргото на руската нафта. Премиерот Кирил Петков кажа дека тоа ќе важи до крајот на 2024 година.

    Повеќе детали ќе бидат објавени во следните денови“, кажа Петков во Брисел.

    Тој појасни дека изземањето ќе ѝ овозможи на бугарската рафинерија да го прилагоди работниот процес на друга нафта.

    Мило ми е што помина шестиот пакет санкции, зашто ќе запре приливот на финансиски средства за Русија“, изјави Петков.

    Русија претходно престана да ѝ испорачува гас на Бугарија, откако таа одби да плаќа во рубли за него.

    Членките на ЕУ договорија компромисна забрана за увоз на 90% од руската нафта, а исклучок беше направен за цевководот „Дружба“, преку кој се снабдуваат Унгарија, Чешка и Словачка. Овие три земји беа најгласните противници на ембаргото, бидејќи се најзависни од руската нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира