И СРБИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ КОВИД СЕРТИФИКАТИ ЗА ВЛЕЗ ВО КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ И НОЌНИ КЛУБОВИ

    И СРБИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ КОВИД СЕРТИФИКАТИ ЗА ВЛЕЗ ВО КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ И НОЌНИ КЛУБОВИВчера во Србија беа регистрирани 5.461 нов случај на коронавирус и 27 починати. (Фото: СДК.МК)

    Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека земјата се подготвува да воведе ковид сертификати, кои ќе важат за простори каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, а е висок степенот на заразување.

    „За да бидат сертификатите во склад со Уставот на Србија и човековите права, тие ќе бидат воведени во простори каде што не е неопходно луѓето на престојуваат, а е висок степенот на заразување. Тоа се ноќни клубови, барови, кафулиња и ресторани на затворено“, кажа Брнабиќ на вчерашната прес-конференција.

    Таа кажа дека во Србија вакцинирани со една доза се 52 отсто од полнолетните граѓани, а со две дози 50,1 отсто. Со трета доза во Србија се вакцинирани околу 6 отсто.

    Вчера во Србија беа регистрирани 5.461 нов случај на коронавирус и 27 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира