Игуаните паѓаат од дрвјата во Флорида оти американската Сончева држава е погодена од невообичаен студ. Во Јужна Флорида, температурите вчера достигнаа најниско ниво од -4 Целзиусови степени, соопшти Националната метеоролошка служба. Службата соопшти дека регионот се соочува со најниските температури во повеќе од една деценија.
Игуаните се ладнокрвни и се греат на сонце и природна топлина од околината. Ако рептилите се премногу ладни, тие можат да се замрзнат и ефективно да паднат во кома, поради што оние што одмораат на дрвјата може да паднат. И покрај тоа, повеќето остануваат живи додека дишат и нивните главни телесни функции сè уште се активни. Подоцна ќе се одмрзнат на сонце, бидејќи температурите повторно ќе се зголемат.
Службата ги предупреди жителите во Јужна Флорида да бидат внимателни бидејќи игуаните „забавуваат или стануваат неподвижни“.
„Дали навистина мислевте дека на најниските температури во повеќе од една деценија нема да ве предупредиме дека паѓаат игуани? твитна Метеоролошката служба.