ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БЕГААТ ОД ЈУЖЕН ЛИБАН ПОРАДИ ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЗДУШНИ НАПАДИ, ДОСЕГА РЕЧИСИ 300 МРТВИ

    ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БЕГААТ ОД ЈУЖЕН ЛИБАН ПОРАДИ ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЗДУШНИ НАПАДИ, ДОСЕГА РЕЧИСИ 300 МРТВИЦивилите беа предупредени да ги напуштат куќите и зградите каде што Хезболах чува оружје (Фото: АП)

    Илјадници луѓе бегаат од јужен Либан откако Израел денеска започна воена операција против Хезболах, бомбардирајќи ги неговите позиции во повеќе делови од земјата. Либанските власти кажаа дека од утрово загинале 274 луѓе, од кои 21 дете, а повеќе од илјада се ранети.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека погодиле повеќе од 800 цели на Хезболах и засега ја отфрлаат можноста за копнен упад во Либан, што во минатото секогаш завршувало со многу жртви.

    Пред нашата земја се комплицирани денови. Израел не чека закани, туку место тоа ги спречува. Ветувам дека ќе го промениме безбедносниот баланс, балансот на моќта на северот на земјата и тоа е токму она што го правиме. Оваа војна не е против либанскиот народ, ние војуваме против Хезболах, кој предолго ве користеше како жив штит“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Најобемниот воздушен напад врз Хезболах од почетокот на војната во Газа уследи откако Израел ги предупреди цивилите да ги напуштат куќите и зградите каде што оваа вооружена група чува оружје. Израелската влада претходно кажа дека нејзината главна воена цел е враќањето на илјадниците израелски граѓани кои беа раселени од северот на земјата поради нападите на Хезболах.

    ИДФ потврди дека попладнево извел и напад врз јужно предградие на Бејрут, чија цел бил високиот лидер на Хезболах, Али Караки и неговата судбина засега не е позната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира