ИМАМЕ ОДГОВОРНОСТ ПРЕД СВЕТОТ ДА РАБОТИМЕ ЗАЕДНО, КАЖАА БАЈДЕН И ШЈИ НА СВОЈАТА ПРВА СРЕДБА

    ИМАМЕ ОДГОВОРНОСТ ПРЕД СВЕТОТ ДА РАБОТИМЕ ЗАЕДНО, КАЖАА БАЈДЕН И ШЈИ НА СВОЈАТА ПРВА СРЕДБАШји и Бајден се сретнаа пресрет на самитот на Г20 на Бали (Фото: АП)

    Кинескиот лидер Шји Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден првпат се сретнаа во живо, во пресрет на самитот на Г20 на Бали, во периодот кога односите помеѓу двете суперсили се на најниско ниво во последните децении. Тие беа насмеани кога се ракуваа во луксузниот хотел „Мулија“.

    „Како лидери на нашите две нации, делиме одговорност да покажеме дека САД и Кина можат да ги надминат своите несогласувања, да спречат конкурентноста да се претвори во конфликт и да пронајдат начини да работат заедно на итните глобални прашања“, кажа Бајден.

    Шји му возврати дека односите помеѓу двете земји не ги исполнуваат очекувањата на светот.

    „Затоа мора да ги поставиме кинеско-американските односи на вистинскиот курс и да ги унапредиме. Светот очекува Кина и САД правилно да се носат со својот однос“, кажа Шји.

    Се очекува главните теми на нивните разговори да бидат Тајван, Украина и нуклеарните амбиции на Северна Кореја. Бајден претходно кажа дека американските комуникациски канали со Пекинг ќе останат отворени со цел да се спречи конфликт, најавувајќи тешки разговори во следните денови.

    Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја претставува Русија на самитот, откако Кремљ кажа дека Владимир Путин е презафатен за да присуствува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира