ИНФЛУЕНСЕРКА ОД ЈУТА КОЈА ДЕЛЕШЕ РОДИТЕЛСКИ СОВЕТИ НА ЈУТЈУБ ДОБИ НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА СВОИТЕ ДЕЦА

    ИНФЛУЕНСЕРКА ОД ЈУТА КОЈА ДЕЛЕШЕ РОДИТЕЛСКИ СОВЕТИ НА ЈУТЈУБ ДОБИ НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА СВОИТЕ ДЕЦАРуби Френки имаше повеќе од два милиона претплатници на својот јутјуб канал, што го почна во 2015 (Фото: АП)

    Жена од Јута чии родителски совети ја направија инфлуенсерка на Јутјуб е осудена на најмалку четири години затвор за злоставување деца. Четириесет и двегодишната Руби Френки се извини во судот откако ја слушна пресудата. Таа претходно се изјасни како виновна за изгладнување и злоставување на своите деца.

    Идентична казна доби и нејзината поранешна деловна партнерка Џоди Хилдебрант (54). Судијата ги осуди на четири казни од една до 15 години затвор. Според законите на Јута, казните мора да се одлежат едноподруго, а колку вкупно ќе поминат во затвор, ќе зависи од државниот одбор за условна слобода.

    На судењето, обвинителот на Јута, Ерик Кларк, кажа дека две од шесте деца на Френки живееле како во концентрационен логор. Тој ја опиша Френки како значајна закана за општеството.

    На децата редовно им биле ускратувани храна и вода, не смееле да спијат во кревет и немале буквално никаква забава“, рекол Кларк.

    Двете жени беа уапсени во август 2023 откако изгладнетиот 12-годишен син на Френки успеал да избега низ прозор од домот на Хилдебрант. Полицијата кажа дека детето дошло во соседна куќа, каде што побарало храна и вода. На телото имал повреди од тепање, удирање и врзување со јаже.

    Френки имаше повеќе од два милиона претплатници на својот јутјуб канал, што го почна во 2015. Нејзините видеа прикажуваа вообичаено мормонско семејство од предградие, а фановите станаа сомничави во 2020, кога еден од нејзините синови рекол дека седум месеци спиел вреќа со грав.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира