ИРАЧКИТЕ КУРДИ ИЗЛЕГОА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ, ИАКО ЦЕЛИОТ СВЕТ Е ПРОТИВ НЕГО

    ИРАЧКИТЕ КУРДИ ИЗЛЕГОА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ, ИАКО ЦЕЛИОТ СВЕТ Е ПРОТИВ НЕГО

    Курдите во северниот автономен регион на Ирак масовно се одзваа на необврзувачкиот референдум за независност, иако речиси целата меѓународна заедница се изјасни против неговото одржување.

    „Им честитам на луѓето од регионот Курдистан. Ова е историски ден. Но, ова е само почеток на борбата, ова е прва фаза од еден долготраен процес“, изјави вицепремиерот во владата на Курдистан, Квабад Талабани.

    Според него, референдумот не треба да се сфаќа како закана за соседните земји, но Иран, Сирија и Турција изразија загриженост дека ова би можело да го охрабри и нивното сопствено курдско малцинство. Турција е дом на 14 милиони Курди, додека во северен Ирак ги има над пет милиони.

    Референдумот го осудија и САД, Велика Британија и Обединети нации, а од регионот, единствено Израел даде поддршка. За централната власт во Багдад, референдумот е неуставен и соопшти дека нема да го признае резултатот.

    „Гласањето би можело да има дестабилизирачки ефект“, порачаа ОН, додека САД сметаат дека ова би можело да го одврати вниманието од воената кампања против ИСИС, во којашто курдските борци имаат важна улога.

    Поради референдумот, Иран ја затвори својата граница во пределот на Курдистан, додека Турција се закани дека ќе го прекине извозот на нафтата од северен Ирак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира