ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ, КАЖА ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ НАПАЃААТ БЕЗ ПРИЧИНА

    ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ, КАЖА ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ НАПАЃААТ БЕЗ ПРИЧИНАДубаи беше честа мета на иранските одмазднички напади (Фото: АП)

    Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан им се извини на соседните земји што Иран ги напаѓаше со дронови и проектили од почетокот на американско-израелската воена операција пред една недела.

    Сметам дека е потребно да им се извинам на соседните земји што беа нападнати. Немаме намера да извршиме инвазија на соседните земји“, рече Пезешкијан во претходно снимено видео и повика на регионална соработка заради воспоставување мир и спокојство.

    Тој кажа дека тричлениот лидерски совет им наредил на вооружените сили отсега да не ги напаѓаат соседните земји, освен ако тие не нападнат први.

    Оние кои размислуваат да го искористат овој момент за да го нападнат Иран не смеат да станат марионети на империјализмот. Поддршката на Израел или САД не е пат кон честа и слободата. Мислам дека ова треба да го решиме преку дипломатија“, рече Пезешкијан.

    Тој го отфрли повикот на Доналд Трамп за безусловно предавање на Иран.

    Барањето на САД е сон што можат да го однесат во гроб“.

    Набргу по објавата на Пезешкијан, Катар соопшти дека пресретнал ракетен напад од Иран. Покрај Катар, мета на ирански одмазднички напади беа и Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт, Ирак и други земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира