ИСТРАЖУВАЧИ ВО „ОПЕНАИ“ ГО ПРЕДУПРЕДИЛЕ БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ ДЕКА БРЗ РАЗВОЈ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ГО ЗАГРОЗИ ЧОВЕШТВОТО

ИСТРАЖУВАЧИ ВО „ОПЕНАИ“ ГО ПРЕДУПРЕДИЛЕ БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ ДЕКА БРЗ РАЗВОЈ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ГО ЗАГРОЗИ ЧОВЕШТВОТОИстражувачите сметаат дека математиката е најголем предизвик за вештачката интелигенција. (Фото: Маркус Списке)

Пред четиридневниот егзил на извршниот директор на „ОпенАИ“ Сем Алтман, неколку истражувачи од компанијата испратиле писмо до бордот на директори, предупредувајќи дека откритие за моќна вештачка интелигенција може да го загрози човештвото, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на два извора.

Ова писмо, како и еден алгоритам за вештачка интелигенција, биле клучен развој на ситуацијата пред бордот на директори да го избрка Алтман. Пред неговото триумфално враќање на позицијата во вторникот, над 700 вработени во „ОпенАИ“ се заканија дека ќе дадат отказ и ќе преминат во „Мајкрософт“ во солидарност со избрканиот лидер.

Во писмото на истражувачите се вели дека еден фактор што придонел бордот на директори да го избрка Алтман биле грижите околу комерцијализацијата на вештачката интелигенција пред да се сфатат последиците.

Во писмото станува збор за проект наречен Кју, за кој некои во „ОпенАИ“ веруваат дека е пробив во полето на вештачка генерална интелигенција (АГИ). Според „ОпенАИ“, АГИ се автономни системи кои ги надминуваат луѓето во повеќето економски вредни задачи.

Со огромни компјутерски ресурси на располагање, новиот модел ќе може да решава извесни математички проблеми и на првичните тестови поминал многу добро, што ги прави истражувачите големи оптимисти за успех во иднина на Кју.

Истражувачите сметаат дека математиката е најголем предизвик за вештачката интелигенција. Засега, вештачката интелигенција е добра за пишување текстови и превод и да го предвидува следниот збор, но одговорите на исто прашање често знаат да бидат доста различни. Но, способноста да решава математички задачи, каде што има само еден точен одговор, имплицира дека вештачката интелигенција ќе има поголеми можности за резонирање, налик на човечката интелигенција.

За разлика од обичен дигитрон, АГИ ќе може на генерализира, да учи и да разбира.

Во писмото до бордот на директори, истражувачите ја нагласиле способноста на АГИ и потенцијалните опасности, без да прецизираат што точно е опасноста. Долго време има дискусија помеѓу научниците околу опасноста што доаѓа од вештачката интелигенција, на пример дали може да решат дека уништувањето на човештвото е во нивен интерес.

Алтман ги предводеше напорите на „Опен АИ“ да го направи „ЧетГПТ“ една од најбрзорастечките софтверски апликации во историјата, што пак привлече големи инвестиции, како компјутерски ресурси, .

Минатата недела, Алтман најави дека голем напредок е на повидок.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира