ИТАЛИЈА ЌЕ ЗАПЛЕНИ 779,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД „ЕРБИЕНБИ“ ПОРАДИ НЕПЛАТЕН ДАНОК ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ

    ИТАЛИЈА ЌЕ ЗАПЛЕНИ 779,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД „ЕРБИЕНБИ“ ПОРАДИ НЕПЛАТЕН ДАНОК ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИФирмата не наплатила данок од станоиздавачите на околу 3,7 милијарди евра приход од изнајмување (Фото: Гети)

    Италијански суд нареди заплена на 779,5 милиони евра од букинг платформата „Ербиенби“ поради затајување данок. Обвинителите велат дека фирмата не наплатила данок од станоиздавачите на околу 3,7 милијарди евра приход од изнајмување.

    Изнајмувачите во Италија се должни да платат данок од 21% на својата заработка.

    „Изненадени сме и разочарани од постапката објавена од италијанското јавно обвинителство. Европското седиште на компанијата од јули работеше со италијанските даночни власти на решавањето на проблемот“, соопшти „Ербиенби“.

    Обвинителството на Милано објави дека под истрага се три лица кои имале менаџерски улоги во фирмата од 2017 до 2021.

    Во 2022, „Ербиенби“ се обиде да го оспори италијанскиот закон кој бара од компанијата да задржи 21% од приходот на сопствениците од изнајмувањето и да ги плати на даночните власти.

    Минатиот месец, италијанските власти рекоа дека планираат да ги казнат сопствениците кои не платиле данок за краткорочно изнајмување недвижности преку компании како „Ербиенби“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира