ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДРАГИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАТАРЕЛА НЕ ЈА ПРИФАТИ

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДРАГИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАТАРЕЛА НЕ ЈА ПРИФАТИИзбори во Италија требаше да има следната година, но поради оставката на Драги тие најверојатно ќе се одржат уште есенва. (Фото: Фејсбук/Влада на Италија)

    Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка откако остана без поддршката од најголемиот коалиционен партнер во владата Пет ѕвезди.

    Поранешниот шеф на Европската централна банка предводеше влада на национално единство од февруари 2021 година. Во соопштение, тој кажа дека пактот на доверба што ја одржувал владата веќе го нема.

    „Вечерва ќе му ја врачам мојата оставка на претседателот на републиката“, кажа Драги.

    Кризата во третата најголема економија во ЕУ почна откако лидерот на Пет ѕвезди Џузепе Kонте одби да го поддржи владиниот пакет за економска помош за семејствата и бизнисите вреден 23 милијарди евра, тврдејќи дека Драги не прави доволно за да се справи со зголемените трошоци за живот.

    Иако владиниот пакет помина лесно во сенатот, премиерот предупреди дека без поддршка од Пет ѕвезди владата не може да продолжи.

    „Денешното гласање во парламентот е многу значајно од политичка гледна точка. Мнозинството на националното единство кое што ја поддржуваше оваа влада веќе не постои“, кажа Драги и замина кај претседателот Серџо Матарела.

    Но, претседателот Матарела ја одби оставката на Драги и побара од него да се обрати во парламентот со цел да ја оцени политичката ситуација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира