ИЗДАДЕН НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА ЕДУАРДО ГОНСАЛЕС, КОЈ ТВРДИ ДЕКА ГО ПОБЕДИЛ МАДУРО НА ИЗБОРИТЕ

    ИЗДАДЕН НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА ЕДУАРДО ГОНСАЛЕС, КОЈ ТВРДИ ДЕКА ГО ПОБЕДИЛ МАДУРО НА ИЗБОРИТЕОпозицијата кажа дека Едуардо Гонсалес освоил 30% гласови повеќе од Мадуро (Фото: АП)

    Судот во Венецуела издаде налог за апсење на лидерот на опозицијата Едуардо Гонсалес, за кого се верува дека го победил Николас Мадуро на неодамнешните претседателски избори. Ако биде осуден, 75-годишниот Гонсалес би можел да го помине остатокот од животот во затвор.

    Државната изборна комисија го прогласи Мадуро за победник на изборите во јули, но владата досега нема објавено доказ за тоа. Опозицијата тврди дека нивните резултати покажуваат дека Гонсалес убедливо го победил Мадуро. Бројни држави, меѓу кои и Бразил, Мексико и Колумбија, одбија да ја признаат победата на Мадуро.

    Судијата Едвард Брисењо, кој води случаи поврзани со тероризам, го одобри барањето на јавниот обвинител и издаде налог за апсење на Гонсалес, кој влезе во изборната трка откако на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо не ѝ беше дозволено да се кандидира.

    Никој во оваа земја не е над законот, над институциите“, изјави Мадуро.

    Овој потег претставува значително засилување на политичките тензии во Венецуела. Налогот за апсење беше издаден откако опозицијата кажа дека Гонсалес освоил 30% гласови повеќе од Мадуро. Гонсалес сега се обвинува за узурпација на јавните должности, фалсификување документи, саботажа на системот и за поттикнување непослушност, што тој го негира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира