Израел потврди дека извел „прецизен воздушен напад“ во главниот град на Катар, Доха, чија цел биле лидери на Хамас. Катар го осуди нападот како грубо кршење на меѓународното право и кажа дека е погоден станбен имот каде што престојувале неколкумина членови на политичкото биро на Хамас.
„Нема да ги толерираме ова неодговорно израелско однесување и континуираното нарушување на безбедноста на регионот“, соопшти катарското министерство за надворешни работи.
Два извора од Хамас кажаа дека функционерите на групата кои учествуваат во преговорите за прекин на огнот го преживеале нападот. Израелски функционери изјавија дека мета биле водачите на Хамас, вклучувајќи го Халил ал-Хаја, пребегнатиот шеф на Газа и главен преговарач.
„Ова беше целосно независна израелска операција. Израел ја иницираше, Израел ја спроведе и Израел ја презема целосната одговорност“, кажа премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Очевидци кажаа дека се слушнале неколку експлозии во Доха, додека облаци од црн чад се издигаат од правецот на една бензинска пумпа. Веднаш до неа се наоѓа мал станбен комплекс, кој е чуван од емирската гарда на Катар 24 часа на ден од почетокот на конфликтот во Газа.
Израел уби бројни политички и воени лидери на Хамас од почетокот на војната, но ова е првпат мета да биде Катар, каде што се водат преговорите за прекин на огнот.
Министерството за внатрешни работи на Катар потврди дека експлозиите што се слушнале во Доха биле насочени кон еден од станбените штабови на Хамас и додаде дека ситуацијата сега е безбедна.