ИЗРАЕЛ ГИ ПРЕМИНА СИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ, КАЖА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ ПО НАПАДИТЕ ВО ЛИБАН

    ИЗРАЕЛ ГИ ПРЕМИНА СИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ, КАЖА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ ПО НАПАДИТЕ ВО ЛИБАНИзраелски авиони ноќеска и утрово го бомбардираа јужен Либан (Фото: Гети)

    Смртоносните израелски напади во кои беа разнесени пејџери и рачни радија на Хезболах ги преминаа сите црвени линии, изјави лидерот на групата Хасан Насрала во ТВ-обраќањето емитувано додека израелски авиони го надлетуваа Бејрут.

    Либан и Хезболах го обвинија Израел за нападите врз комуникациската опрема на Хезболах, во кои загинаа 37 луѓе, а над 3.500 се ранети.

    Нема сомнение дека ова беше голем пробив, дека бевме изложени на голем безбедносен и воен удар, досега невиден во историјата на Либан. Нападите ги преминаа сите црвени линии. Непријателот отиде надвор од контрола, закони и морал. Овие напади можат да се сметаат за воени злосторства и за објава на војна. Тоа е чист тероризам“, изјави Насрала.

    Израелски авиони ноќеска и утрово го бомбардираа јужен Либан и Насрала кажа дека Хезболах се надева дека израелските трупи ќе влезат во јужен Либан, зашто тоа ќе создаде историска можност за групата поддржана од Иран.

    Никакви убиства, воена ескалација и општа војна нема да ги врати израелските жители во пограничната област“, кажа Насрала, алудирајќи на главната воена цел на израелската влада за враќање на 60.000 раселени Израелци.

    Тој на крајот на говорот вети дека Израел ќе добие одмазда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира