ИЗРАЕЛ ГО РАКЕТИРАШЕ БЕЈРУТ, МЕТА БИЛ ВИСОК ЗАПОВЕДНИК НА ХЕЗБОЛАХ

    ИЗРАЕЛ ГО РАКЕТИРАШЕ БЕЈРУТ, МЕТА БИЛ ВИСОК ЗАПОВЕДНИК НА ХЕЗБОЛАХЗасега нема потврда дали во нападот има жртви (Фото: АП)

    Израел изведе воздушен напад врз јужно предградие на Бејрут, чија цел бил висок заповедник на Хезболах. Израелската војска кажа дека ова е одмазда за саботниот ракетен напад врз Голанската Висорамнина, кога на фудбалски терен загинаа 12-мина млади.

    Очевидци кажаа дека голема експлозија се слушнала во јужниот дел на градот, каде што е упориштето на проиранската милитантна група. Извор од израелските безбедносни служби изјави дека мета на нападот бил висок заповедник на Хезболах, Либанската државна новинска агенција објави дека била погодена област каде што е сместен Советот Шура на Хезболах.

    Бејрут живееше во незивесност неколку дена откако Израел вети дека ќе се одмазди за саботниот напад, за кој го обвини Хезболах.

    Изведовме насочен напад против заповедникот одговорен за убиството на децата во Мајдал Шамс и за убиството на бројни други израелски граѓани“, објави израелската војска.

    Засега нема потврда дали во нападот има жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира