ИЗРАЕЛ КАЖА ДЕКА ЕДНО ОД ТЕЛАТА ПРЕДАДЕНИ ОД ХАМАС НЕ Е НИЕДЕН ОД ЗАЛОЖНИЦИТЕ

    ИЗРАЕЛ КАЖА ДЕКА ЕДНО ОД ТЕЛАТА ПРЕДАДЕНИ ОД ХАМАС НЕ Е НИЕДЕН ОД ЗАЛОЖНИЦИТЕХамас досега врати само седум од 28-те тела (Фото: АП)

    Израел објави дека едно од телата што синоќа ги предаде Хамас не припаѓа на ниеден од починатите заложници. Палестинската група вчера врати уште четири тела откако Израел се закани дека ќе го ограничи влезот на хуманитарната помош во Газа.

    „Едно од телата предадени од Хамас не се совпаѓа со ниеден од заложниците, утврди Националниот институт за форензичка медицина. Од Хамас се бара да ги преземе сите потребни напори за да ги врати починатите заложници“, соопшти израелската војска.

    Израел ги идентификуваше останатите три тела и потврди дека станува збор за заложници.

    Планот за прекин на огнот на Доналд Трамп предвидуваше сите 48 заложници да бидат предадени до понеделникот напладне по локално време, иако Хамас кажа дека лоцирањето на телата низ Газа нема да оди лесно. Палестинската група досега ги ослободи 20-темина живи заложници и врати само седум од 28-те тела.

    Министерот за одбрана Израел Кац го предупреди Хамас дека „секое одложување или намерно избегнување ќе се смета за грубо кршење на договорот и ќе добие соодветен одговор“. Во копија од договорот за прекин на огнот, објавена од израелските медиуми минатата недела, се признава дека Хамас и другите палестински фракции можеби нема да можат да ги лоцираат сите тела во првичниот временски рок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира