Израел објави дека убил уште еден висок ирански функционер, министерот за разузнавање Есмаил Хатиб.
„Ноќеска беше елиминиран и министерот за разузнавање Хатиб“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
Хатиб, кој ѝ се придружил на Иранската револуционерна гарда во 1980, беше назначен за министер од поранешниот претседател Ебраим Раиси во 2021 година. Тој беше под американски санкции поради улогата на неговото министерство во сајбернапади против САД и други земји во 2022.
Иран синоќа ја потврди смртта на шефот на Врховниот совет за национална безбедност Али Лариџани, кој беше убиен во израелски воздушен напад во Техеран.



