ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ХАМАС ДРЖИ 199 ЗАЛОЖНИЦИ, МЕЃУ КОИ ИМА ГРАЃАНИ НА ДЕСЕТИНА ЗЕМЈИ

    ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ХАМАС ДРЖИ 199 ЗАЛОЖНИЦИ, МЕЃУ КОИ ИМА ГРАЃАНИ НА ДЕСЕТИНА ЗЕМЈИ85-годишната Јафа Адар била киднапирана од кибуц близу границата со Газа и одведена со количка за голф (Фото: Фејсбук)

    Израелските одбранбени сили објавија дека Хамас држи 199 заложници во Газа, меѓу кои има и доста државјани на други земји. Меѓу заложниците се најмалку 13 деца и две лица постари од 80 години.

    Заложниците беа земени на 7 октомври, кога стотици милитанти на Хамас извршија изненадувачки упад во Израел, напаѓајќи музички фестивал и 20-ина погранични населени места. Притоа се убиени повеќе од 1.400 луѓе.

    Тајланд потврди дека 17-мина негови граѓани се меѓу заложниците, како и 13-мина Французи, десетмина Британци, осуммина Германци, двајца Мексиканци и еден Русин, објавија нивните земји. И САД кажаа дека одреден број нивни граѓани се заробени од Хамас и дека 13-мина се водат како исчезнати.

    Хамас кажа дека заложниците се држат на безбедни места и во тунели и претходно се закани дека ќе ги убива ако Израел продолжи да ги бомбардира домовите во Газа без предупредување.

    Ситуацијата со заложниците ја усложнува воената операција на Израел. Хамас тврди дека неколкумина заложници веќе загинале во израелските воздушни напада на Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира