ИЗРАЕЛ ПО ГРЕШКА УБИ ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ЛИБАНСКА ХРИСТИЈАНСКА ПАРТИЈА ШТО СЕ ПРОТИВИ НА ХЕЗБОЛАХ

    ИЗРАЕЛ ПО ГРЕШКА УБИ ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ЛИБАНСКА ХРИСТИЈАНСКА ПАРТИЈА ШТО СЕ ПРОТИВИ НА ХЕЗБОЛАХПартијата на либански сили кажа дека во нападот врз станбена зграда во градот Аин Садех близу Бејрит загинале Пјер Муавад (Фото: социјални мрежи)

    Израел се обидел да убие припадник на Хезболах во Либан, но место тоа настрадал висок функционер на христијанска партија која се противи на проиранската група. Израелските одбранбени сили (ИДФ) признаа дека не успеале да ја убијат предвидената мета и дека жалат што повредиле цивили.

    Партијата на либански сили, во која членуваат главно христијани, кажа дека во нападот врз станбена зграда во доминантно христијанскиот град Аин Садех близу Бејрит загинале Пјер Муавад и неговата сопруга Флавија. Локалниот градоначалник кажа дека загинатите биле еден кат подолу од станот што наводно бил мета.

    Партијата на либански сили соопшти дека „Пјер Муавад не бил борец, ниту воена цел“ и дека славел Велигден дома со своето семејство пред смртоносниот напад. Партијата го осудува Хезболах и рече дека она што се случило е резултат на воени конфронтации што се воведуваат во станбените населби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира