ИЗРАЕЛ РАКЕТИРАШЕ БОЛНИЦА ВО ГАЗА ЗА ДА УБИЕ ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ХАМАС КОЈ БИЛ НА ЛЕКУВАЊЕ

    ИЗРАЕЛ РАКЕТИРАШЕ БОЛНИЦА ВО ГАЗА ЗА ДА УБИЕ ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ХАМАС КОЈ БИЛ НА ЛЕКУВАЊЕИсмаил Бархум беше шеф за финансиски прашања на Хамас (Фото: социјални мрежи)

    Израел изведе воздушен напад врз болница во Газа, убивајќи висок функционер на Хамас и негов соработник. Во нападот врз главната болница во градот Хан Јунис загина Исмаил Бархум, шефот за финансиски прашања на Хамас.

    Тој се лекувал во болницата откако бил повреден во воздушен напад четири дена порано. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека Бархум бил цел на нападот.

    Израелската војска објави дека погодила клучен оперативен центар на Хамас што се наоѓал во кругот на болницата и дека била користена прецизна муниција за да се ограничи штетата. Министерството за здравство водено од Хамас кажа дека во нападот биле повредени повеќе луѓе, вклучувајќи лекарски персонал.

    Израел постојано го обвинува Хамас дека користи болници за свои воени цели и дека во нив сместува командни центри.

    Бархум е четвртиот член на политичкото биро на Хамас кој е убиен откако Израел одново почна со воздушни напади врз Газа пред една недела, со што го прекина двомесечното примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира