ИЗРАЕЛ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА ХЕЗБОЛАХ И ГИ ОБЈАВИ ЦЕЛИТЕ НА СВОЈАТА ВОЕНА АКЦИЈА

    ИЗРАЕЛ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА ХЕЗБОЛАХ И ГИ ОБЈАВИ ЦЕЛИТЕ НА СВОЈАТА ВОЕНА АКЦИЈАОд израелската војска кажаа дека засега се фокусираат на воздушните напади (Фото: АП)

    Израелската војска изјави дека воздушните напади врз куќи во кои Хезболах крие оружје се неизбежни, додека министерот за одбрана Јоав Галант објави дека нападите во Либан ќе се продлабочат и ги повика Израелците да останат смирени.

    Жителите на јужен Либан утрово примиле повик со наредба веднаш да се оддалечат 1.000 метри од која било позиција што ја користи Хезболах. Слично предупредување даде и портпаролот на израелската војска Даниел Хагари, додавајќи дека било пренесено на арапски јазик на сите мрежи и платформи во Либан.

    Израелската војска утрово го почна најобемниот воздушен напад врз Хезболах од почетокот на војната во Газа, при што во исто време се гаѓаат јужни, северни и источни области на Либан.

    „Ќе сториме сѐ што е потребно за да ги вратиме илјадниците наши граѓани на северот на Израел, што е главен воен приоритет на израелската влада“, одговори Хагари на прашањето за можен израелски копнен упад во Либан.

    Хагари кажа дека Хезболах низ годините складирал оружје во куќи и згради низ јужен Либан и затоа ги повика жителите да се оддалечат од тие места.

    „Хезболах ве загрозува вас и вашите семејства“, рече Хагари.

    Од израелската војска кажаа дека засега се фокусираат на воздушните напади, при што се истакнуваат три цели на оваа воена кампања. Еден функционер изјави дека Израел сака да ја намали способноста на Хезболах да лансира ракети преку границата и да ги поттисне неговите борци подалеку од границата. Третата цел е уништувањето на инфраструктурата изградена од елитната единица на Хезболах, Радван.

    Министерот Галант ѝ порача на израелската јавност да остане смирена и дисциплинирана и целосно да ги почитува инструкциите во следните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира