ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ПРВПАТ ИНТЕРВЕНИРАЛА ВО БОРБИТЕ ПОМЕЃУ ПАЛЕСТИНСКАТА МИЛИЦИЈА ШТО ЈА ВООРУЖУВА И ХАМАС

    ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ПРВПАТ ИНТЕРВЕНИРАЛА ВО БОРБИТЕ ПОМЕЃУ ПАЛЕСТИНСКАТА МИЛИЦИЈА ШТО ЈА ВООРУЖУВА И ХАМАСХамас го смета Абу Шабаб за израелски агент и предавник и јавно објави дека има намера да го убие (Фото: Фејсбук)

    Хамас кажа дека убил 50 борци од палестинска група вооружена од Израел, по извештаите дека израелската војска првпат директно интервенирала за да ја заштити фракцијата.

    Израелските медиуми објавија дека борбите помеѓу Хамас и милицијата предводена од Јасер Абу Шабаб избиле вчера во Рафа, во што се вмешале и израелските воздушни сили, при што имало загинати на двете страни.

    Израелското министерство за одбрана минатата недела потврди дека ја вооружува групата на Шабаб која се бори против Хамас. Хуманитарни работници кажаа дека групата има долга историја на ограбување камиони на Обединетите нации, иако Израел тврди дека таа ја штити помошта која влегува во Газа преку преминот Керем Шалом.

    Хамас уби над 50 наши волонтери, вклучувајќи роднини на Абу Шабаб, додека ги чувавме камионите со помош и ги прераспределувавме резервите“, објави милицијата која се нарекува себеси Антитерористичка служба или Народни сили.

    За време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023, Абу Шабаб бил во затвор под управа на Хамас за шверц на дрога. По почнувањето на војната тој излегол од затвор под нејасни околности. Неговата банда сега се состои од стотина борци. Хамас го смета за израелски агент и предавник и јавно објави дека има намера да го убие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира