Израелската војска зароби функционер на Хезболах во изненадувачка операција во саботата наутро во која што израелски командоси се истоварија на брегот кај градот Батрун во северен Либан.
Во соопштение, израелската војска вели дека нејзини војници заробиле висок функционер на Хезболах и го пренеле на своја територија за испрашување од острана на военото разузнавање.
Либанскиот премиер Наџиб Микати кажа дека Либан ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН и побара од либанската војска и мировната мисија на ОН да го истражат инцидентот.
Ова е прв ваков напад на Израел, со израелски војници во северен Либан, област во која што вообичаено не делува Хезболах.
„Неидентификувани војници извршија десант на плажата во Батрун и го киднапираа граѓанинот Имад Амхаз и потоа си заминаа со моторни чамци“, објави Либанската новинска агенција.
Израелската војска објави малку детали за операцијата, но кажа дека вклучена била елитната единица „Шајетет 13“.
Батрун е христијански град на северот на Либан и досега беше релативно поштеден од израелските воени операции.