ИЗВЕШТАЈ ОД 2018 УКАЖАЛ НА ГОЛЕМО ОШТЕТУВАЊЕ НА УРНАТАТА ЗГРАДА ВО ФЛОРИДА, СÈ ПОМАЛКУ НАДЕЖ ЗА 159-ТЕМИНА ИСЧЕЗНАТИ

    ИЗВЕШТАЈ ОД 2018 УКАЖАЛ НА ГОЛЕМО ОШТЕТУВАЊЕ НА УРНАТАТА ЗГРАДА ВО ФЛОРИДА, СÈ ПОМАЛКУ НАДЕЖ ЗА 159-ТЕМИНА ИСЧЕЗНАТИДосега е потврдено дека четири лица загинале (Фото: АП)

    Голема грешка во оригиналниот дизајн на 12-катницата во Флорида што делумно се урна пред неколку дена бил утврден при инспекција во 2018 година, се вели во извештај што тукушто беше објавен.

    Во него стои дека оваа грешка спречувала водата да истекува од основата на комплексот „Чемплеин“ во градот Сурфсајд, изграден во 1981 година. Дел од зградата се урна во четвртокот во моментите кога многу станари спиеле. Досега е потврдено дека четири лица загинале, но дури 159 луѓе се водат како исчезнати и властите губат надеж дека ќе бидат пронајдени живи.

    Извештајот за зградата излезе во јавност во серија документи објавени од градските власти на Сурфсајд.

    „Недостигот на соодветна дренажа е систематски проблем што произлезе од пропустите во изградбата“, се вели во извештајот изготвен од инженерот Френк Морабито.

    Тој нагласил дека постои големо оштетување во бетонската платформа под базенот, како и пукнатини во подземната гаража. Во неговиот извештај не е наведено дека постои непосреден ризик од уривање, но дека има потреба од поправки на бетонот.

    Во меѓувреме, спасувачите ја продолжуваат потрагата низ купиштата бетон и челик, користејќи раце, машини, кучиња и дронови. На помош дојдоа и екипи од Мексико и Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира