ЈАПОНСКАТА ПРЕМИЕРКА ТАКАИЧИ ВЕЛИ ДЕКА СПИЕ ДВА ЧАСА НА ДЕН, СОСТАНОЦИ СВИКУВА СРЕДЕ НОЌ

    ЈАПОНСКАТА ПРЕМИЕРКА ТАКАИЧИ ВЕЛИ ДЕКА СПИЕ ДВА ЧАСА НА ДЕН, СОСТАНОЦИ СВИКУВА СРЕДЕ НОЌТакаичи пред неколку недели стана првата жена на премиерската функција во Јапонија, ветувајќи „работа, работа, работа и само работи“ (Фото: АП)

    Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека спие само два до четири часа ноќе, што предизвика загриженост во врска со нејзината посветеност кон подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот кај заморените работници во земјата.

    Такаичи им рече на пратениците дека преживува со минимален сон, навика што ја дели со нејзината политичка хероина Маргарет Тачер, откако беше прашана како би се справила со озлогласеното долго работно време во Јапонија.

    Такаичи минатата недела ги повика помошниците во својата канцеларија на состанок во 3 часот наутро за да се подготват за седницата на буџетскиот комитет што требаше да започне шест часа подоцна. Ова се случува неколку недели откако таа стана првата жена на премиерската функција во Јапонија, ветувајќи „работа, работа, работа и само работи“.

    „Сега спијам околу два часа, најмногу четири часа. Тоа е веројатно лошо за мојата кожа“, рече Такаичи.

    Јапонија се бори да ја промени својата корпоративна култура која очекува вработените да работат долги часови и често да се дружат со колегите навечер. Такаичи изјави дека сите промени во условите за работа би го ставиле здравјето на работниците на прво место.

    Студија објавена на Светскиот ден на спиењето во март покажа дека Јапонците во просек спијат седум часа и една минута во текот на работните денови, 38 минути помалку од меѓународниот просек и помалку од луѓето во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Канада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира