ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР КИШИДА ЈАДЕШЕ РИБА ОД ФУКУШИМА ПО ИСПУШТАЊЕТО НА РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ВО ОКЕАНОТ

    ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР КИШИДА ЈАДЕШЕ РИБА ОД ФУКУШИМА ПО ИСПУШТАЊЕТО НА РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ВО ОКЕАНОТКабинетот на Кишида го објави видеото откако Кина го забрани увозот на сите морски производи од Јапонија (Фото: АФП)

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида јадеше „безбедна и вкусна“ риба од Фукушима, неколку дена откако во Тихиот Океан беше испуштена прочистена радиоактивна вода од тамошната нуклеарна централа. Кабинетот на Кишида го објави видеото откако Кина го забрани увозот на сите морски производи од Јапонија, која на 24 август почна со испуштањето на водата.

    Ова е многу добро“, вели Кишида додека џвака парче од рибата сашими, при што ги повика гледачите да уживаат во безбедна и вкусна морска храна од северозападниот регион на Јапонија.

    Покрај Кишида, во видеото се појавуваат уште тројца владини министри. Видеото имаше за цел да промовира производи од Фукушима, 12 години откако областа беше погодена од катастрофални земјотрес и цунами, што доведе до една од најголемите нуклеарни катастрофи.

    Испуштањето на отпадните води од нуклеарката треба да трае со децении и ќе им овозможи на инженерите да почнат да го отстрануваат опасното радиоактивно гориво од трите оштетени реактори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира