ЈОВЕРИ МУСЕВЕНИ СЕДМИ ПАТ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УГАНДА, НА ВЛАСТ Е ВЕЌЕ 40 ГОДИНИ

    ЈОВЕРИ МУСЕВЕНИ СЕДМИ ПАТ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УГАНДА, НА ВЛАСТ Е ВЕЌЕ 40 ГОДИНИМусавени дојде на власт како бунтовнички лидер во 1986 (Фото: Гети)

    Претседателот Јовери Мусевени е прогласен за победник на изборите во Уганда, продолжувајќи го своето четиридецениско владеење за уште пет години. Изборната комисија објави дека тој освоил 72% гласови, а неговиот главен противкандидат Боби Вајн 25%.

    Поранешниот поп-пејач обвини за местење на изборите и ги повика своите поддржувачи на ненасилни протести. Тој кажа дека ноќеска избегнал апсење од безбедносните сили и сега се крие.

    Изборите беа обележани со насилства, во кои, според Вајн, загинале 21 лице, а властите го исклучија интернетот во земјата, со цел, како што кажаа, да се спречат ширење дезинформации, измама и поттикнување насилство.

    Осумдесет и едногодишниот Мусевени дојде на власт како бунтовнички лидер во 1986 и оттогаш седумпати победи на избори. Во меѓувреме го промени уставот двапати за да си обезбеди неограничен мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира