„ЈУНАЈТЕД ЕРЛАЈНС“ ЌЕ КУПИ 200 АВИОНИ ОД „БОИНГ“, ВРЕДНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    „ЈУНАЈТЕД ЕРЛАЈНС“ ЌЕ КУПИ 200 АВИОНИ ОД „БОИНГ“, ВРЕДНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИДо крајот на 2032 година, „Јунајтед“ очекува да се поднови со 700 авиони (Фото: Гети)

    „Јунајтед ерлајнс“ објави дека нарачал 100 авиони „боинг 787 дримлајнерс“ и уште 100 авиони „737 Макс“, со цел да одговори на постпандемискиот раст и да ги замени старите, помалку ефикасни авиони.

    Нарачката на авиокомпанијата од Чикаго е вредна 43 милијарди долари и претставува голем поттик за американскиот производител на авиони, кој се соочи со политички и производствени проблеми оваа година.

    Од 100-те авиони „737 Макс“, 44 треба да бидат испорачани меѓу 2024 и 2026 и уште 56 во 2027/28. „Јунајтед“ сега има нарачано вкупно 443 авиони „Макс“.

    До крајот на 2032 година, „Јунајтед“ очекува да добие 700 нови авиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира