ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ВОЕНА СОСТОЈБА

    ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ВОЕНА СОСТОЈБАЈун прогласи воена состојба за да „спречи антидржавни сили кои ја симпатизираат Северна Кореја“ (Фото: АП)

    Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави дека ќе ја повлече декларацијата за воведување воена состојба во земјата, што ја прогласи само неколку часа порано. Јун реши да се повлече во судирот со парламентот, кој претходно го отфрли неговиот обид за забрана на политичката активност и за воведување цензура на медиумите.

    Јун прогласи воена состојба во вечерните часови по локално време за да „спречи антидржавни сили кои ја симпатизираат Северна Кореја“ меѓу неговите политички противници. Сепак, пратениците со големо мнозинство ја отфрлија декларацијата, а војската се откажа од обидот да упадне во зградата на парламентот.

    Луѓето собрани пред парламентот со аплауз ја поздравија одлуката на Јун.

    Според јужнокорејските закони, претседателот мора веднаш да ја укине воената состојба ако парламентот го изгласа тоа со мнозинство гласови. И партијата на Јун побара да се повлече декларацијата.

    Војската во прв момент кажа дека активностите на парламентот и на политичките партии ќе бидат забранети, а медиумите ќе бидат под контрола на командата на воената состојба. Јун не спомна никакви специфични закани од Северна Кореја, туку се фокусираше на домашните политички противници.

    Ова беше првпат од 1980 година да се прогласува воена состојба во Јужна Кореја, која имаше серија авторитарни лидери во минатото, но се смета за демократска земја од 1980-тите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира