КАЈ ХУРГАДА ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ЖЕНА ПО НАПАД НА АЈКУЛА

    КАЈ ХУРГАДА ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ЖЕНА ПО НАПАД НА АЈКУЛАНападите на ајкули во Египет се ретки (Фото: АП)

    Египетското министерство за животна средина потврди дека уште една жена починала откако била нападната од ајкула во Црвеното Море близу популарната туристичка дестинација Хургада. Телото на романска државјанка во 40-ти години било пронајдено 600 метри од местото каде што пред два дена загина 68-годишна Австријка.

    Министерството кажа дека ќе формира комисија за да се испитаат околностите и научните причини на нападите. Шефот на Црвеноморскиот гувернат, генерал-мајорот Амр Ханафи, нареди затворање на плажите и забрана на сите активности во областите каде што се случиле нападите.

    Првиот трагичен инцидент се случи во петокот, кога загина Австријка која во последните пет години живеела во Египет. Таа била довезена во болница без рака и нога и набргу потоа починала.

    Нападите на ајкули во Египет се ретки. Пред четири години загина еден чешки турист.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира