КАМАЛА ХАРИС ГО ИЗБРА ГУВЕРНЕРОТ НА МИНЕСОТА, ТИМ ВОЛЦ, ЗА СВОЈ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

    КАМАЛА ХАРИС ГО ИЗБРА ГУВЕРНЕРОТ НА МИНЕСОТА, ТИМ ВОЛЦ, ЗА СВОЈ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТШеесетгодишниот Волц служи како гувернер на Минесота од ноември 2019 (Фото: АП)

    Камала Харис го избра гувернерот на Минесота, Тим Волц, за демократски кандидат за потпретседател, што и официјално ќе биде објавено вечерва на митинг во Филаделфија. Американските медиуми објавија дека со изборот на Волц, Харис сака да ја зајакне позицијата на Демократите во сојузните држави од Средниот Запад во пресрет на изборите во номеври.

    Шеесетгодишниот Волц служи како гувернер на Минесота од ноември 2019, откако претходно 12 години беше член на Претставничкиот дом.

    Камала Харис стана демократски кандидат за претседател откако Џо Бајден се повлече од трката по големиот притисок од јавноста. Таа за кратко време собра доволно поддршка од демократските делегати и викендов и официјално ја потврди номинацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира