КАМАЛА ХАРИС ИСПИША ИСТОРИЈА КАКО ПРВА ЖЕНА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ВО САД

    КАМАЛА ХАРИС ИСПИША ИСТОРИЈА КАКО ПРВА ЖЕНА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ВО САДХарис доаѓа од имигрантско семејство а својот добар углед како главен обвинител на Сан Франциского искористи за да биде избрана за сенаторка во 2017 (Фото: АП)

    Пред една година, Камала Харис ги прекина сопствените претседателски сништа, а сега испишува историја како прва жена, и тоа црномуреста и со имигрантско потекло, која ќе дојде на потпретседателската функција во САД.

    Педесет и петгодишната Харис во наредните четири години ќе ја води земјата со Џо Бајден, со кого ланското лето водеше жестоки дебати.

    Харис е родена во Калифорнија во 1964 како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, Камала и нејзината сестра Маја главно биле одгледани од мајка им под силно влијание на индиските традиции, но потоа сите ја присвоиле црната култура на Оукленд.

    „Мајка ми многу добро сфаќаше дека одгледува две црномурести ќерки. Таа беше посветена кон тоа јас и Маја да пораснеме во самоуверени, горди црномурести жени“, напиша Харис во својата автобиографија.

    Таа вели дека отсекогаш била комотна со својот идентитет и се опишувала себеси како Американка.

    Харис со сопругот Даглас Емхоф (Фото: АП)

    Откако поминала четири години на Харвард и добила диплома по право на Калифорнискиот универзитет во Хестингс, Харис станала главен обвинител на Сан Франциско, а својот добар углед го искористи за да биде избрана за сенаторка во 2017.

    Харис од 2014 година е во брак со адвокатот Даглас Емхоф, станувајќи маќеа на неговите две деца.

    Доаѓањето на Харис во Белата куќа ќе биде пресвртница за нацијата која има долга историја на борба со расни неправди. За време на својата кампања, таа често се соочуваше со расистички и сексистички напади од конзервативците, вклучувајќи го и Трамп, кој одбиваше правилно да ѝ го изговори името.

    „Имаме многу работа, да почнеме“, изјави Харис по победата на Бајден на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира