Камала Харис е првата жена која ќе ги добие претседателските овластувања во САД и тоа ќе трае кратко, додека Џо Бајден е на рутински лекарски преглед. Бајден ќе ги префрли своите моќи на потпретседателката Харис за периодот додека се наоѓа под анестезија на денешна колоноскопија.
Тоа ќе биде неговиот прв лекарски преглед откако стана претседател и доаѓа во пресрет на 79. роденден, што ќе го прослави утре.
Харис (57) привремено ќе ја преземе контролата врз американските војска и нуклеарно оружје. Таа е првата жена која ја врши потпретседателската функција во САД.
„Потпретседателката за тој период ќе работи во својата канцеларија во Западното крило“, соопшти Белата куќа.
Џорџ Буш исто така ги префрли своите овластувања на потпретседателот кога беше подложен на истата процедура во 2002 и 2007 година.