Канскиот филмски фестивал вечерва го отвори јубилејното 70-то издание среде голема безбедносна операција поради поплавата од терористички напади во Европа. Францускиот „Духовите на Исмаил“ на Арно Деплешан со Матје Амалрик, Шарлот Гензбург и Марион Котијар го отвори фествалот. Критичарите ги пофалија некои од актерите, но не беа воодушевени од фарсичната, авто-референтан драма на Деплешан за еден режисер кого по подолго време го посетува поранешната сопруга.
Италијанската ѕвезда Моника Белучи вечерва беше домаќинка на свеченото отворање.
Вкупно 49 филмови од 29 земји ќе бидат прикажани на фестивалот, а 19 се натпреваруваат за престижната Златна палма за најдобар филм, што ќе се додели на 28 мај.
За победникот одлучува осумчленото жири предводено од шпанскиот оскаровец Педро Алмодовар, а меѓу членовите се и Џесика Частејн, Вил Смит, Паоло Сорентино.
По повод одбележувањето на 70-годишнината, годинешната Златна палма ќе биде украсена со 167 дијаманти додека низа на раскошни забави ќе се одржат вдолж Кроазета, булевар полн со хотели што минува низ центарот на Кан.
Кандидати за Златна палма се страшната драма на Копола за Граѓанската војна „Измамени“, во која играат Кидман и Кирстен Данст, семејна сага на американскиот режисер Ноа Баумбах „Приказните на Мејеровиц“ со Дастин Хофман, Бен Стилер и Адам Сендлер; и неговиот сонародник Тод Хејнс со „Зачуден“, “Oкјa”, трилер за права на животните на авторот од Јужна Кореја Бонг Јон-хо со Тилда Свинтон, „Импресивниот“ на францускиот режисер Мишел Хазанавициус за францускиот нов бран, драмата за секс-трговијата со луѓе од Велика Британија на Лин Ремзи „Ти никогаше не беше навистина тука“ и „Убиството на светиот елен“, трилер на грчкиот режисер Јоргос Лантимос во кој глумат Кидман и Колин Фарел.
Кидман ќе се појави на Канскиот фестивал и вон конкуренцијата со „Како да разговарате со девојки на журки“ на Џон Камерон Мичел и во ТВ крими-драмата на Џејн Кемпион „На врвот на езрото“.
Австрискиот режисер Михаел Ханеке, двократен добитник на Златна палма, се враќа со “Среќен крај”. Францускиот режисер Робин Кампијо е со „120 отчукувања во минута”, поглед на успонот на активизмот за СИДА, а „Нежно суштество“ е роуд-муви на украинскиот режисер Сергеј Лозница.