КАНАДА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ КАРНИ ВО БЕЛАТА КУЌА, ТРАМП МУ ОДГОВОРИ НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ

    КАНАДА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ КАРНИ ВО БЕЛАТА КУЌА, ТРАМП МУ ОДГОВОРИ НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШПомеѓу двајцата лидери немаше непријателски тонови за време на средбата (Фото: ЕПА)

    Канадскиот премиер Марк Карни за првпат ја посети Белата куќа и јасно му стави на знаење на Доналд Трамп дека Канада никогаш нема да биде на продажба.

    Иако Карни претходно ги опиша новите американски царини како предавство, помеѓу двајцата лидери немаше непријателски тонови за време на средбата и дури се фалеа еден со друг. Трамп кажа дека тие нема да разговараат за присоединувањето на Канада кон САД, иако рече дека тоа би бил прекрасен брак. Карни цврсто ја отфрли таа идеја.

    Канада не е на продажба и нема да биде, никогаш“, кажа Карни, на што Трамп возврати:

    Никогаш не вели никогаш. Без разлика на сѐ, ние ќе бидеме пријатели со Канада. Таа е многу посебно место за мене. САД секогаш ќе ја штитат Канада“.

    Либералната партија на Карни вети дека ќе создаде ново билатерално економско и безбедносно партнерство со САД и дека ќе ја направи канадската економија помалку зависна од извозот во Америка. Сепак, во разговорите не беше постигнат никаков напредок околу царините и Трамп кажа дека Карни не го убедувал да попушти.

    Канада е вториот најголем трговски партнер на САД, по Мексико и најголем увозник на американските добра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира