Претседателот на бугарската партија ВМРО Красимир Каракачанов поднесе оставка откако партијата освои едвај 1 отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори.
Покрај него, оставка поднесоа и потпретседателите Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Еден од нив, Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, беше уапсен и задржан 24 часа во полиција за купување гласови.
Каракачанов е долгогодишен лидер на ВМРО, а до неодамна беше министер за одбрана и вицепремиер во владата на Бојко Борисов.
„Ги повикуваме бугарските политички партии, застапени во Народното собрание, да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија“, напиша Каракачанов на Фејсбук по оставката.