Пет гондоли утрово се судрија на жичницата во скијачкиот центар Цилертал во Тирол Австрија, поради силен ветер, објави државната телевизија ОРФ.
Повредени лица нема бидејќи жичницата била затворена за посетители, токму поради најавите за силен ветер. Во моментот кога се случила несреќата жичницата не работела, но силниот ветер ги веел гондолите, се додека пет од нив не се удриле меѓусебе и завршиле на еден од столбовите на жичницата.
Нема информации од надлежните во скијачиот центар Цилертал за штетата која е направена од судирот на гондолите. Во тек е истрагата за инцидентот. Жицницата била пуштена во употреба пред една година.
Сѐ уште не се знае кога повторно скијаката жичница ќе биде пуштена во употреба.