Ланецот супермаркети „Карфур“ објави дека веќе нема ги продава производите на „Пепси“ во Франција, Белгија, Шпанија и Италија поради неприфатливо покачување на цените. Фирмата од вчера почна да поставува знаци за да ги информира купувачите за својата одлука, која се однесува и на пијалаците „пепси“ и чипсовите „доритос“.
Од „Пепси“ кажаа дека ќе се обидат да продолжат со преговорите, кои траат веќе со месеци.
Спорот доаѓа додека Франција продолжува да се бори со брзиот раст на цените. Последните владини податоци кажуваат дека цените на храната во декември биле поголеми за 7,1% во споредба со истиот период лани. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер минатата година им се закани на големите компании со специјални даноци ако не ги намалат цените.
„Пепси“ ги поскапи своите производи во изминатите години поради зголемените трошоци и најави дека цените повторно би можеле да растат во 2024.
Ваквите спорови се необични, но се случуваат. Во 2022, „Теско“ ги исфрли производите на „Хајнц“ од своите супермаркети поради покачувањето на цените, а германските супермаркети „Едека“ и „Реве“ од иста причина престанаа да ги продаваат производите на „Марс“.