ЌЕ ГИ ОДЛОЖИМЕ НОВИТЕ ЦАРИНИ ЗА ЕУ АКО КУПАТ НАШИ ЕНЕРГЕНСИ ЗА 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, КАЖА ТРАМП

    ЌЕ ГИ ОДЛОЖИМЕ НОВИТЕ ЦАРИНИ ЗА ЕУ АКО КУПАТ НАШИ ЕНЕРГЕНСИ ЗА 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, КАЖА ТРАМПТрамп минатата недела воведе царини од 20% за цела Европска Унија (Фото: АП)

    Европската Унија ќе мора да купи американски енергенси во вредност од 350 милијарди долари за да добие одложување на новите царини, кажа Доналд Трамп, отфрлувајќи ја понудата за заемни царини од 0% за автомобили и индустриски стоки.

    Ова доаѓа откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека ЕУ ќе му понуди на Вашингтон укинување на царините за увоз на автомобили и индустриски стоки, ако САД го направат истото. Запрашан од новинарите во Белата куќа дали е тоа доволно, Трамп одговори:

    Не, не е. Имаме дефицит со Европската Унија од 350 милијарди долари и тоа брзо може да исчезне. Еден од начините е тие да купат наши енергенси. Нека ги купат и ќе можеме за една недела да ги избришеме тие 350 милијарди долари“, изјави Трамп.

    Понудата на Брисел уследи откако Трамп минатата недела воведе царини од 20% за цела Европска Унија, ставајќи ја во групата од 60-ина држави кои беа означени како „најлоши престапници“.

    Предлогот на Трамп не е ништо ново. Набргу по неговото враќање во Белата куќа, Фон дер Лајен предложи почнување преговори за купување повеќе американски течен природен гас, но тоа не се реализираше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира