ЌЕ ПОМИНАТ НЕДЕЛИ ДО ЦЕЛОСНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД ГОЛЕМИОТ ИТ ПРЕКИН, МИЛИОНИ КОМПЈУТЕРИ ЌЕ ТРЕБА РАЧНО ДА СЕ ПОПРАВААТ

    ЌЕ ПОМИНАТ НЕДЕЛИ ДО ЦЕЛОСНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД ГОЛЕМИОТ ИТ ПРЕКИН, МИЛИОНИ КОМПЈУТЕРИ ЌЕ ТРЕБА РАЧНО ДА СЕ ПОПРАВААТПроблематична безбедносна надградба погоди уреди со оперативниот систем „Виндоус“ на „Мајкрософт“. (архивска фотографија)

    Сервисите почнаа да се враќаат онлајн во петокот вечер откако ИТ грешка предизвка хаос ширум светот. Но, за целосно закрепнување ќе бидат потребни недели, велат експерти.

    Летови и лекарски прегледи беа откажани, имаше прекини во работењето на банки и на ТВ канали, откако една проблематична безбедносна надградба погоди уреди со оперативниот систем „Виндоус“ на „Мајкрософт“.

    Надградбата дојде од американската компанија за сајбербезбедност „Краудстрајк“ и предизвика т.н. „Син екран на смртта“ на компјутери ширум светот. Експерти велат дека секој погоден компјутер ќе треба рачно да биде поправен, нешто што ќе трае долго.

    Од БЦС, британскиот институт за ИТ, велат дека ќе бидат потребни денови и недели за да се вратат онлајн сите системи, иако во некои случаи поправката ќе биде брза.

    „Во некои случаи, решение може да биде имплементирано многу брзо. Но, ако компјутерите реагирале со сини екрани и бескрајно рестартирање може да биде тешко да се поправат и тоа би можело да трае со денови и недели“, вели Адам Смит од БЦС.

    Алан Вудворд, професот по сајбербезбедност на Универзитетот Сури, кажа дека во многу случаи ќе треба рачно да се рестартираат уредите, додавајќи дека „најголем дел од стандардните корисници нема да знаат како да ги следат инструкциите“.

    Организациите со илјадници компјутери на различни локации ќе имаат уште потешка задача, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира