Доналд Трамп објави дека ќе постави два 30-метарски јарбола на тревниците на Белата куќа на кои ќе се вее американското знаме.
„Ќе поставиме два прекрасни јарбола за американско знаме високи речиси 30 метри. Овдека фалат јарболи веќе 200 години и тоа е нешто што често го велам. Ќе поставиме два на тревниците и ќе бидат прекрасни“, изјави Трамп за време на прошетка по тревникот на Белата куќа.
Тој кажа дека јарболите ќе бидат платени од него и ќе пристигнат во Белата куќа за една недела.
Моментално најпрепознатливото американско знаме на просторот на Белата куќа е она кое се вее на јарболот на нејзиниот покрив и постојано се наоѓа таму.