КИНА ГИ ПОМИРИ ХАМАС И ФАТАХ ПО 17 ГОДИНИ, ДОГОВОРЕНО ФОРМИРАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА ПАЛЕСТИНСКА ВЛАДА

    КИНА ГИ ПОМИРИ ХАМАС И ФАТАХ ПО 17 ГОДИНИ, ДОГОВОРЕНО ФОРМИРАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА ПАЛЕСТИНСКА ВЛАДАНа разговорите учествуваа 14 палестински фракции, кои на крајот ја потпишаа Пекиншката декларација (Фото: Гети)

    Палестинските фракции, што ги вклучува и ривалите Хамас и Фатах, се согласија да стават крај на поделбите и да формираат влада на национално единство за време на преговорите во Кина, кои завршија денеска. На разговорите за помирување учествуваа 14 палестински фракции, кои на крајот ја потпишаа Пекиншката декларација.

    Претходните обиди на Египет и други арапски земји да ги помират Хамас и Фатах не успеаја да стават крај на 17-годишниот конфликт кој ги ослабна палестинските политички аспирации. Сепак, останува да се види дали постигнатиот договор ќе ја преживее реалноста на теренот.

    Средбата во Пекинг се одржа среде обидите на меѓународните посредници да се постигне договор за примирје во Газа. Високиот функционер на Хамас Хусам Бадран изјави дека најважната точка во декларацијата е формирањето на палестинска влада на национално единство која ќе управува со палестинските прашања во Газа и на Западен Брег, вклучувајќи обнова и подготовка на условите за избори.

    Моментално, Хамас управува со Газа, а Фатах е столб на Палестинската самоуправа, која има ограничена контрола на окупираниот Западен Брег. Двете фракции првпат се сретнаа во Пекинг во април, во обид да стават крај на спорот, кој почна откако Хамас по кратка војна во 2007 го избрка Фатах од Газа.

    Договорот претставува дипломатски успех за Кина и нејзиното зголемено влијание на Блиски Исток. Таа претходно посредуваше и во подобрувањето на односите помеѓу Иран и Саудиска Арабија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира