КИНА ЌЕ ГО НАМАЛИ УВОЗОТ НА ХОЛИВУДСКИ ФИЛМОВИ ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП

    КИНА ЌЕ ГО НАМАЛИ УВОЗОТ НА ХОЛИВУДСКИ ФИЛМОВИ ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМПДомашните филмови сѐ повеќе ги надминуваат холивудските во Кина, при што „Не Жа 2“ стана анимиран филм со најголема заработка на сите времиња (Фото: Гети)

    Кина објави дека моментално ќе го ограничи увозот на холивудски филмови како одмазда за одлуката на Доналд Трамп да ги зголеми царините за кинеските стоки, кои сега изнесуваат 145%. Аналитичарите сметаат дека ова нема да има голем финансиски ефект зашто приходите на Холивуд од кинескиот пазар значително се намалија во изминатите години.

    Кина во изминатите три децении увезуваше 10 холивудски филмови годишно и Националната филмска управа на Кина кажа дека новите царини на Трамп дополнително ќе ја влошат домашната побарувачка за американски филмови во Кина.

    Кина е вториот по големина филмски пазар во светот и холивудските студија некогаш ја гледаа како можност за зголемување на заработката на своите филмови на киноблагајните. Но, домашните филмови сѐ повеќе ги надминуваат холивудските во Кина, при што „Не Жа 2“ оваа година го засени „Опаку наопаку 2“ на „Пиксар“ и стана анимиран филм со најголема заработка на сите времиња.

    Ваквата казна силно ќе одекне, а речиси нема да има негативни страни за Кина. Холивудските филмови сочинуваат само 5% од заработката на киноблагајните во Кина, а холивудските студија добиваат само 25% од продажбата на влезници во Кина, во споредба со двојно повеќе на другите пазари“, вели авторот Крис Фентон.

    Трамп не застана во одбрана на Холивуд, велејќи дека „слушнал и за полоши работи“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира